Услови за користење
ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВОЈ ДОГОВОР ЗА УСЛУГИ, БИДЕЈЌИ СОДРЖИ ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ОД ВАШИТЕ ЗАКОНСКИ ПРАВА.
Било која употреба на термините "ние", "нас" или "нашата компанија" значи ХОСТБАЛ МАРКЕТИНГ АГЕНЦИИ ДООЕЛ, 1000 СКОПЈЕ, односно услугите кои ги нуди ХОСТБАЛ (www.hostbal.com). Било кое обраќање со "имател на сметка" значи клиент. Сите сметки на нашите сервери се предмет на условите и околностите опишани во овој документ. Под услови на оваа спогодба (договор) вашата нарачка на наши услуги е ваше признавање дека сте го прочитале, разбрале и неотповикливо се согласувате со овој договор.
Го задржуваме правото да го измениме овој договор без претходно известување.
Опис на условите
1.Забранет е било каков начин на СПАМ-ирање
1.1. ХОСТБАЛ има нула-толеранција, анти-спам полиса, според која праќање на спам или друга несакана комерцијална е-пошта од нашите сервери строго е забранета. Ова вклучува, но не е ограничено само на: масовно испраќање на промотивни пораки, пропагандни материјали или непожелна комерцијална пошта на било кои групи на општествената заедница. Доколку праќате масовна пошта, имате обврска на примателите на таа пошта да им овозможите да се избришат себеси од вашата листа за масовна електронска пошта. Го задржуваме правото веднаш да ја деактивираме вашата сметка и да го спречиме понатамошното користење на нашите услуги доколку откриеме вакви активности.
2. Услугите на ХОСТБАЛ не смеат да се искористуваат за нелегална трговија - продавање, купување или понудување и изнудување на било какви илегални работи, вклучувајќи оружје, пиратерија, илегални субстанци, и друго.
3. Содржини за возрасни +18 кои вклучуваат порнографија и други материјали со сексуална содржуна се забранети на било кој сајт преку нашите услуги. Детската порнографија е најстрого забранета, точка. Било кој клиент што ќе стави ваков материјал на неговата/нејзината страна, вклучувајќи го тука и материјалот ставен на серверот а необјавен на веб страната, ќе биде веднаш пријавен на соодветните органи на власта и ќе подлежи на законски санкции за тоа.
3.1. Други содржини што не се дозволени преку нашите услуги:
- Говор/јазик истакнат на веб страните или во домените кој поттикнува омраза и дискриминација.
- Складирање и дистрибуција на софтвер кој може да доведе до софтверски или хардверски грешки, да ја намали брзината на работење на серверот, или да ја загрози сигурноста на другите корисници или серверот.
- IRC Скрипти / Ботови.
- Прокси Скрипти / Anonymizers.
- Пиратски софтвер.
- IP Скенери.
- Bruteforce Програми / Скрипти / Апликации.
- Комерцијален аудио стриминг.
- Инвестиции сајтови (FOREX, Е- злато размена , Second Life / Пирамидални шеми и слично).
- Сајтови за лотарија / коцкање, брзи кредити, кредити и нивните реклами банери и други.
- Сајтови промовирање на нелегални активности.
- Емитување или стриминг во живо на спортски настани.
- Користите било каква bit torrent апликација, tracker или клиент.
- Користите услугата за хостирање на фајлови како што е MegaUpload или peer-to-peer активности.
- Користите било каков сервер за играње.
3.2. ХОСТБАЛ има право без никакви претходни известувања да ги суспендира, ограничи или стопира услугите на клиентите кои ќе ги прекршат овие услови. Го задржуваме правото на барање од надлежни Владини служби да ги доставиме информациите кои ги поседуваме за даден корисник доколку се установи дека тоа ќе помогне во процесот кој се води од надлежните служби. Во таков случај, Вие се согласувате дека во никој случај, без временски ограничувања, нема да го сметате ХОСТБАЛ за одговорен.
4. Во случај на хаварија како пожар, поплави, терористички напади, хакирање на вашиот сајт итн… каде последиците се губење на податоци хостирани на серверите на ХОСТБАЛ, ХОСТБАЛ не одговара за губењето на податоците хостирани на тие сервери. Поради тоа строго се препорачува самите клиенти да си прават back up на своите податоци.
4.1. За било каква штета настаната во вашиот бизнис поради моментално, делумно или целосно нефункционирање на услугите, ХОСТБАЛ не презема никаква одговорност.
5. Вие немате право да препродавата хостинг доколку имате Linux или Windows хостинг. Сите клиенти за кои би дознале дека препродаваат ќе бидат автоматски суспендирани. За оваа намена, вас ви треба Reseller, VPS или DEDICATED SERVER тип на услуга.
6. При нарачка на нашите услуги ваша одговорност е да ни доставите валидни, точни податоци за вас (како име, презиме, име на фирма/организација, адреса, телефон за контакт, примарна емаил адреса). Ако ви е потребно да ги промените овие информации, контактирате го нашиот тим преку е-мејл. Ние ке го креираме вашиот акаунт веднаш по вашата регистрацијата.
6.1. Ако некогаш има злоупотреба или имаме потреба да Ве контактираме, примарната емаил адреса во датотеката ќе се користи за оваа намена. Обезбедување лажни информации за контакт од било кој вид може да резултира со престанок на вашите услуги.
6.2. Вашите лични податоци се строго доверливи, истите нема да бидат неовластено заменети, злоупотребени или дадени на трети лица, освен при барање на надлежните институции како што се адвокат, нотар, суд и др како и во постапки утврдени со закон.
7. Вие исто така се согласувате дека нема да загрозувате или собирате доверливи информации на други корисници, ХОСТБАЛ или друго лице или организација. Корисниците исто така се обврзуваат да ги почитуваат правата на приватност на ХОСТБАЛ, останатите клиенти на ХОСТБАЛ и сите инволвирани страни.
8. Вие се согласувате дека нема да ги користите услугите за складирање или дистрибуција на злонамерни кодови, скрипти и било каков друг вид на злонамерен софтвер кој може да доведе до создавање на софтверски или хардверски грешки, намалување на брзината на работење на компјутерот, или на било каков начин да ја загрози сигурноста на системите на ХОСТБАЛ, клиентите или пак останати лица и организации.
9. Со користење на услугите на ХОСТБАЛ, Вие се согласувате дека за било какви недоразбирања, непријатности и неспогодби кои можат да произлезат од користењето на услугите, ХОСТБАЛ не е одговорен во ниеден случај.
10. Вие сте обврзани при поставување на било какви податоци преку услугите на ХОСТБАЛ, во обзир да ги земете локалните, државните и интернационалните закони и истите да ги почитувате.